Хит: Газдата на Бодо во Нион дојде облечен како по дома! (ФОТО)

Денеска УЕФА ја одржа ждрепката за осминафиналето во Лигата на шампионите, а на церемонијата внимание привлече претставникот на Бодо Глимт, екипата која е најпријатното изненадување во оваа фаза. 

Норвешкиот тим доаѓа од град со 40.000 жители, а во Нион присуствуваше претседателот на клубот Фроде Томасен. Имено, тој беше во друштво на големите имиња од европскиот фудбал, но привлече внимание со својот изглед.

Иако сме навикнати присутните на вакви настани да ги гледаме во костуми Томасен се појави во тренерка, па предизвика реакции кога камерата го покажа при извлекувањето на Бодо.

Фановите потсетуваат и дека УЕФА има кодекс на облекување за вакви настани, меѓутоа очигледно тоа не беше проблем за првиот човек на норвешкиот состав.