Невидено досега: Со претстојните дуели, Реал и Сити ќе стигнат до 11 пресметки за пет сезони

Ждрепката последните години многу сака да ги спојува Манчестер Сити и Реал во Лигата на шампионите и имало сезони кога играле и во групната и во нокаут фазата.

Така ќе биде и во оваа кампања, но она што се случува со овие две екипи е веќе историско. Никогаш досега не се случило два тима да играат толку често меѓу себе во Лигата на шампионите.

Почнувајќи од 2022 година, Сити и Реал се сретнале девет пати, а со претстојните два дуела, таа бројка ќе се искачи на 11. Нема сезона во која не дошло до нивен меѓусебен дуел и таа традиција ќе продолжи. Во досегашните девет пресметки, билансот е максимално израмнет: три победи на Реал, три на Сити и три нерешени резултати.