Прв ангажман во странство: Мартин Поповски ја продолжува кариерата во Швајцарија (ФОТО)

Македонскиот ракометен репрезентативец, Мартин Поповски, во иднина ќе ги брани боите на швајцарскиот клуб Амичитија.

Десниот крилен играч, кој е член на националниот тим на големи натпреварувања од 2017 година, по разделбата со Вардар, тим со кој ја освои Лигата на шампионите, изминатата полусезона ја мина во дресот на Тинекс пролет.

Сепак, дојде понуда од тимот од Цирих кој заврши на осмата позиција на табелата во домашното првенство. Ова воедно е прв ангажман за Поповски надвор од нашата земја, а иако имаше бројни понуди на маса, сепак, тој се одлучи за Амичитија.

Оваа информација ја потврдија и од швајцарската екипа која информира дека нашиот ракометар потпиша договор на две години.