
Повредата на Јагуриноски не е сериозна?
Во еден дуел додека се браневме, новиот десен бек на Вардар имаше болен пад, а потоа и повреда на скочниот зглоб на десната нога. Мораа да го изнесат на раце до клупата, а потоа не се врати во игра. Сепак, првите впечатоци во нашиот табор се оптимистички.
„Првите мислења на медицинскиот тим се дека повредата не би требало да е сериозна. Секако, сега ќе направиме снимки, па ќе знаеме поточно за што се работи. Сепак тој е борбено момче, се надевам ќе го имаме за Холандија. Кога би го немале Јагуриноски би било огромен хендикеп за нас. Тој е сепак малку поискусен од Серафимов, потребен е и во напад и во одбрана“, рече Лазаров.