Неверојатната Линдзи Вон и на 41 година стигна до Олимписките игри!

Легендарната американска скијачка Линдзи Вон и официјално се квалификуваше за Зимските Олимписки игри во Милано и Кортина д'Ампецо.

За Вон ова ќе биде петто учество на Олимпските игри и до нив дојде откако се врати на патеките во ноември минатата година, претходно се повлече во февруари 2019 година.

Во меѓувреме денес 41-годишната скијачка имаше операција на двете колена, меѓутоа тоа не ја спречи повторно да биде помеѓу најдобрите во светот. Дека е на добар пат да избори пламан беше јасно пред деетина дена кога победи на првата трка во спуст оваа сезона.

Учеството Американката го потврди со објава на социјалните мрежи.