Хрватски голман ќе го засили Јувентус?

Според последните информации од италијанските медиуми, екипата на Јувентус во овој преоден рок би можела да се засили со хрватски голман.

Станува збор за Доминик Ливаковиќ кој не добива минутажа во шпанската Жирона каде што настапува како позајмен фудбалер од Фенербахче.

Јувентус е во потрага по нов, втор чувар на мрежата бидејќи Матија Перин најверојатно ќе се пресели во Џенова. Ливаковиќ во Торино би бил конкуренција на првиот голман на „старата дама“, Микеле Ди Грегорио.

Кога е Ливаковиќ во прашње тој се поврзуваше и со Динамо каде што веќе бранеше до 2023 година и собра 293 настапи.