Погодок за историја: Манасков од втора го постигна најмераклискиот гол во дуелите со Исланд! (ВИДЕО)

Македонија по долгогодишни голготи на далечниот Исланд, синоќа, конечно, успеа да победа како гостин во оваа земја на средината од Атлантскиот океан и тоа на најмераклиски начин – со гол речиси во последната секунда.

Егзекутор беше Дејан Манасков, кој имаше удар од седум метри. Крилото прво не беше прецизен, но имаше среќа па топката се врати кај него, по што од втора успеа да го реализира победничкиот погодок за триумф со 34-33.