„Не си одам поради знамето со Кутлеш, ќе морате сосила да ме изнесете“ (ВИДЕО)

Македонската ракометна репрезентација со струмичката сала „Парк“ го игра последниот квалификациски меч против Грција за заверка на првото место, а еден навивач со знаме со сонцето на Кутлеш веднаш наиде на проблем со обебедувањето, која се обиде да му тргне знамето.

Грците во „Парк“ ги дочекаа свирежи при интонирањето на химната, а и неколку знамиња покрај државните со сонцето на Кутлеш, за кои најмногу со години реагираат јужните соседи. И после интонирањето на македонската химна, обезбедувањето се обиде да му го тргне „спорното знаме“ на навивачот, па веднаш влегоа во расправија, откако гордо го вееше по завршувањето на химната на Македонија.

„Не си одам поради знамето со Кутлеш, ќе мора сосила да ме изнесете“ им порача навивачот на луѓето од обезбедувањето.

Навивачот гордо го вееше знамето при интонирањето на химните, а се гледа кон крајот на видеото, после шестата минута од истото.