Моментот кога Деан Бомбач го нокаутира нашиот Велко Маркоски! (ВИДЕО)

Македонската ракометна репрезентација ќе игра ослабена на Европското првенство (ЕП), откако по вчерашните прегледи беше констатирано дека Велко Маркоски нема да може да игра по силниот нокаут, кој го доби од Деан Бомбач.

Македонија загуби од Словенија на подготовките со 28-33, но притоа останавме и без важен ракометар, кој го очекува пауза од две недели и мора да се рехабилитира во нашата држава, што значи и дека ќе го пропушти ЕП.

Да потсетиме, Македонија првиот меч го игра против Украина на 10 јануари, а во група сме уште со Австрија и Чешка.