Миркуловски: Групата е тешка, но ние сме тука да изненадиме!
На последната проверка, Македонија вчера го победи тимо на Мјитиланд со 35-27 и сега пред избраниците на Лазаров е натпреварот со Данска со кој го почнуваме првенството на 16-ти јануари, в петок од 20:30 часот.
„Последната проверка пред почетокот на Европското првенство мислам дека беше успешна бидејќи победивме и се прикажавме во вистинско светло пред првиот натпревар против Данска. Натпреварот на селекторот му послужи за да ги види последните тактички подготовки, сепак играме во тешка група, но ние сме тука да изненадиме. За Данска не треба да се трошат зборови, дури и тие малку што следат ракомет знаат колку се силни, тие се фаворити против речиси сите репрезентации.
Секогаш е чест да се биде дел од репрезентација, бев како играч, сега во една друга улога. Можеби е малку потешко сега зошто не можеш директно да помогнеш на теренот. Момците се исклучително талентирани, имаат многу искуство, иако се млади одиграа неколку големи турнири и во иднина можеме само да растеме“, изјави Миркуловски.
Во нашата груп на Европското првенство покрај Данска се уште и селекциите на Португалија и Романија.