Македонските ракометарки знаат да играат, но знаат и да се – радуваат (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонските ракометарки ќе играат на ЕП 2024 во Австрија, Унгарија и Швајцарија, откако доминантно ги совладаа директните ривалки Азербејџан и Литванија и како второпласирани зад фаворитот Шпанија дојдоа до посакуваната виза.

Успехот е за поздравување, бидејќи е остварен пласман на континентален собир преку квалификации, нешто што не беше направено уште од далечната 2012 година. Ова ќе биде седмо учество на нашите „лавици“ на едно ЕП, каде што ќе сторат се за да ја минат првата фаза по групи.

Тие одиграа фантастично, особено во вечерашната победа на домашен терен пртоив Литванките (34-24), по која покажаа дека знаат и тоа како еуфорично да го прослават успехот. Со нив се радуваа и челниците на РФМ на чело со претседателот Живко Мукаетов.