Македонските ракометарки лесно го совладаа САД за старт со победа на Мундијалот во Скопје!

Ракометната репрезентација на Македонија за девојки до 20 години со победа над САД од 32-15 го почна настапот на Светското првенство кое се одржува во Скопје.

Како што и се очекуваше, младите македонски ракометарки беа доминантни со врсничките од САД. Девојките предводени од Кристијан Грчевски доминираа во текот на целиот меч.

Дека ќе биде така беше најавено уште на стартот, почнавме фуриозно со водство од 7-1, потоа го контролиравме резултатот, на одморот имавме предност од 15-6.

Во вториот дел селекцијата на САД пружи мал отпор, дојде до -6, но Македонија направи серија од 8-0 и веќе беше јасно дека тоа ќе биде убедлив триумф. Конечниот резултат беше 32-15.

Најдобра ракометарка беше Борјана Коцева која даде девет гола, Ива Младеновска постигна седум.

Следниот натпревар на Македонија е во петок од 18 часот против селекцијата на Исланд.