
Македонија немоќна и против Полска - втор пораз за ракометарките на ЕП
Ракометарките на Македонија во првиот дел дадоа поголем отпор против фаворитот и на полувреме заминаа со негатива од 8-11, меѓутоа во второто полувреме имаа голем број на технички грешки кои ривалот знаеше да ги акзни.
Полска влезе во одличен ритам во второто полувреме и на крајот успеа да оствари убедлив триумф од +10 (28-18).
Најефикасна во составот на Македонија беше Анастасија Трпеска со четири погодоци, додека Леона Миленкоска, Таида Беровиќ и Исидора Котевска постигнаа по три гола.
Македонија во следното коло на ЕП ќе игра против Чешка на 12 јули од 14.30 часот.