Македонија напредува на ЕХФ листата – скок од четири позиции по ЕП 2026!
Македонија по настапот на неодамна завршеното Европско првенство (ЕП) во Данска, Шведска и Норвешка, селекцијата на Македонија собра вкупно 48 бодови и се искачи на 15. место на ЕХФ ранкингот со 31,25 бодови, што претставува скок од четири позиции во споредба со ланскиот пласман. Ранкингот на ЕХФ се пресметува врз основа на резултатите остварени на големите натпреварувања и квалификациите во последните четири години. Притоа, бодовите од последните две години (2026 и 2025) се вреднуваат со 100-отсто, додека резултатите од 2024 и 2023 година учествуваат со 50-отсто во конечниот просек.
Данска со 118 бодови останува на врвот на европскиот ракомет,пред Франција со 94 и Германија со 91 бод.