
Македонија ќе има контролен меч и против Црна Гора пред ЕП
Ракометната федерација на Црна Гора го соопшти списокот со ракометари кои се повикани од селекторот, а воедно објави дека ќе игра контролен меч против Македонија на 29 декември во Стара Пазова, Србија.
Македонија претходно договори две пресметки против Грција на почетокот на јануари, односно пред настапот на ЕП.