Македонија ја совлада Финска и ќе се бори за петто место против Исланд

Младинската женска репрезентација на Македонија славеше во денешниот меч против Финска со убедливи 31-25 на ЕХФ-шампионатот, па така утре ќе се борат за петтата позиција на турнирот против Исланд.

Финска даде голем отпор во текот на првото полувреме, па македонските ракометарки никако не успеваа да создадат посериозна предност и на паузата по 30 минути игра заминаа со резултат 11-11.

Во вториот дел Македонија заигра многу подобро во нападот и конечно ја скрши одбраната на Финска. Ракометарките влегоа во ритам, па избегаа на пет гола разлика во 40. минута (18-13), а до крајот на средбата не му дозволија на ривалот да се врати во дуелот.

Јанкуловска и Коларовска постигнаа по седум голови за македонската репрезентација, додека Седлоска постигна пет гола.

Македонија утре од 13 часот против Исланд го игра последниот меч за пласман на петтата позиција на турнирот.