Македонија го загуби вториот тест против Србија со еден гол разлика

Македонската женска ракометна репрезентација беше поразена и на вториот тест натпревар против Србија во Стара Пазова, но овој пат со само еден гол разлика (19-20), откако вчера загуби со убедливи 25-33.

Македонските ракометарки одиграа подобар меч во однос од вчерашниот, па уште во првото полувреме покажаа дека ќе бидат достоен противник и заминаа на паузата со 11-13, по што во вториот дел успеаа да му парираат на ривалот, но сепак загубија со 19-20.

Ова беа подготвителни натпревари за Србија за настап на Светското првенство во Шпанија, додека Македнија е прва резерва додека се откаже некоја од репрезентациите.