Лазаров со седум гола го водеше Нант до четвртфинале во Купот

Кире Лазаров беше играч на натпреварот во победата на Нант од 27-24 против Шамбери во осминафиналето на францускиот Куп. 

Капитенот на македонската ракометна репрезентација постигна седум голови од 11 обиди и беше најдобар стрелец во својот тим. По првото полувреме гостите имаа водство од 13-15, но со одлична игра во вториот дел, Нант успеа да се избори за триумф. 

Со оваа победа Нант се пласираше во четвртфиналето на Купот, каде уште се и ПСЖ, Монпелје, Кретил, Аикс, Данкерк, Шартр и Иври.