Лазаров: Резултатот можеби не е реален, но спортот е таков, ние бевме подобри вечерва!

Македонија вечерва запиша убедлива победа во првиот меч од баражот за Светското првенство (СП) против Романија со 30-22, па така си обезбеди солидно водство пред реваншот за два дена.

Македонскиот селектор Кире Лазаров кажа дека добиле голема помош од публиката во СЦ „Борис Трајковски“ и предупреди дека убедливата победа не значи дека сè е готово.

„Беше прекрасно да се игра пред нашата публика после долго време. Имавме одличен противник денеска, не спиев добро последните 2-3 ноќи. Како што кажа Пасквал, резултатот можеби не е реален, но спортот е таков, се игра 60 минути и во овој натпревар ние бевме подобри. Многу пати и ние сме биле добри 40-45 минути, па потоа сме губеле, но денеска, за разлика од ЕП имавме поширока ротација, Никола Марковски, јас и уште некои играчи, кои можеби немаат големи, но значајни улоги. Мислам дека тоа е клучот што победивме. Резултатот можеби не е реален и мора да бидеме претпазливи. Познавајќи го, нема да се предаде по овој прв меч“, кажа Лазаров.