Ферстапен од пол-позиција ќе ја „лови“ петтата победа во 2024 година

Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен ќе тргне од пол-позиција на трката за Големата награда на Мајами, откако беше најбрз во квалификациите со време од 1.27,241.

Второто и третото место беа резервирани за возачите на Ферари. Шарл Леклер беше втор со заостанување од 0,141 зад Ферстапен, додека Карлос Саинц беше трет со 0,214 секунди послабо време.

Од четвртата позиција ќе тргне Серхио Перез, по што следат Ландо Норис, Оскар Пјастри, Џорџ Расел, Луис Хамилтон, Никон Хулкенберг и Јуки Цунода.

Трката за големата награда на Мајами се вози вечерва од 22 часот.