Годините се само бројка: Роналдо продолжува да тероризира – трет хет-трик во седум меча (ВИДЕО)

Кристијано Роналдо (39) без разлика што се приближува кон петтата деценија од животот продолжува да ги тероризира голманите во Саудиска Арабија, за што доказ е новиот хет-трик остварен во денешната победа на неговиот Ал Наср во дуелот со Ал Вехда (6-0).

За Португалецот ова беше третпат во последните седум меча да реализира три погодоци на еден натпревар, а за него ова беше вкупно 66. вакво остварување во кариерата.

Роналдо сега немилосрдно движи кон бројката од 900 гола досега, за што му се потребни уште десетина.