Лазаров: Не ми е лесно, на овие мечеви го допревме дното, но имаме смена на генерации...

Македонската ракометна репрезентација на Светското првенство (СП) во Египет нема резултати какви што очекуваше, а утре го игра последниот меч во главната фаза против Белорусија.

Капитенот на ракометарите, Кире Лазаров во интервју за каналот на Хрватскиот ракометен сојуз зборуваше за досегашните резултати на Македонија на СП.

„Имаме промена на генерацијата и знаевме дека не сме во добра ситуација. Се договоривме со федерацијата да дојдам и да им помогнам на помладите ракометари. Напорно е, но го правам ова со срце. Сите тагуваме по големите порази, но не ми е лесно ни на мене. Ние ќе се бориме до крај, на овие натпревари го допревме дното, но со добра стратегија мора да одиме напред“, кажа Лазаров.