Лазаров направи една промена – ќе игра без единствениот „странец“ во тимот!

Македонската машка ракометна репрезентација денеска на гости против Литванија (17 часот) ќе го игра вториот натпревар во квалификациите за Европското првенство 2026, со цел да ја завери неодамнешната победата над Естонија (37-33) на домашен терен.

Селекторот Кирил Лазаров направи промена на голманската позиција за овој дуел, одлучувајќи наместоединствениот „странец, Мартин Томовски (Потсдам), шансата за деби на официјален натпревар во репрезентацијата да ја добие младиот голман Иван Галевски, кој настапува за Алкалоид.

Жолто-црвените во Вилнус отпатуваа решени да направат голем исчекор кон пласман на следниот континентален собир, без разлика на лошата традиција против денешниот противник против кого досега имаме само едно реми и два порази.