Лазаров: Ќе ми биде тешко да одиграм шест меча во девет дена!
Искусниот ракометар кажа дека ќе биде тешко да одигра шест меча во девет дена, но има достојни замени во репрезентацијата.
„Ние чекавме покана поради ситуацијата со ковид-19, а сега сме тука и подготвени сме да играме. Одигравме два тест натпревари во Скопје против Чиле. Знаевме дека имаме шанса да дојдеме тука во последна минута. Ќе одиграме шест натпревари во девет дена, а тоа ќе биде тешко за мене затоа што не сум млад, но имам достојни замени“, вели Лазаров.
Лазаров порача дека немале многу време да се подготват за натпреварот против Шведска, па ќе биде тешко на теренот.
„Немавме време да се подготвиме за натпреварот, но таква е ситуацијата и го прифаќаме тоа. Овој меч против Шведска ќе биде многу тежок за нас. Ќе се обидеме да ги изненадиме. Немам многу детали за Шведска, но во авионот прочитав дека тие имаат проблеми со дел од првотимците, па можеби ова е наша шанса за изненадување. Но, Шведска има историја и традиција во ракометот, иако секогаш постои можност за изненадување“, вели капитенот.