Лазаров и Манасков ги измешаа европските шампиони со – супер цепелин (ВИДЕО)

Македонија игра фантастично полувреме против европскиот првак Шпанија, а не минува ни еден наш меч без да направиме спектакл со – цепелин. Овојпат на дело, Кире Лазаров со асистенција и Дејан Манасков со реализација. Ако по нешто ќе се памети полувремето, освен по многуте стативи, брилјантниот Никола Митревски на голот, тоа сигурно беше и – цепелинот.