Кнор го наполни голот на Франција, Германија избори полуфинале на ЕП

Ракометарите на Германија триумфираа против Франција со 38-34 и се пласираа во полуфинале на Европското првенство (ЕП), а таму друштво ќе им прави и Хрватска која вечерва славеше против Унгарија со 27-25.

Германија беше подобар противник од самиот старт на натпреварот и ниту еднаш не ѝ дозволи на Франција да го преземе водството, па така по првите 30 минути Германците имаа водство од 19-15.

Франција се обиде неколку пати да ја анулира негативата зад Германија, но стигна само до минус еден (30-31), по што Германија со одлична завршница го потврди триумфот од 38-34.

Најефикасен во победничкиот тим беше Јури Кнор со 10 голови, додека Дика Мем запиша 10 погодоци за Франција.

Хрватска се соочи со големи проблеми во првото полувреме кое успеа Унгарија да го добие со 15-13, додека во вториот дел Хрватите успеаја да направат целосен пресврт и да слават со 27-25.

Кларица, Мандиќ и Шоштариќ постигнаа по четири голови за Хрватска, додека Имре запиша седум погодоци за Унгарија.

Фото: EPA