Неверојатно: Во 2025 година биле реализирани рекордни 86.158 трансфери!

Светската фудбалска организација (ФИФА) објави дека во 2025 година во светот на фудбалот биле реализирани рекордни 86.158 трансфери.

Клубовите потрошиле речиси 11 милијарди евра на трансфери, а тоа е за седум отсто повеќе во споредба со 2024 година.

Меѓу најскапите трансфери беше Флоријан Вирц, кој потпиша за Ливерпул за 115 милиони долари, додека во топ-5 беа и Уго Екитике, Џон Дуран, Бенжамин Шешко и Ник Волтемаде.

Фото: Facebook/Liverpool FC