Кадетите ја прегазија Црна Гора за „три од три“ на контролните натпревари

Кадетската ракометна репрезентација на Македонија денеска славеше со убедливи 41-23 на пријателски натпревар со Црна Гора одигран во Охрид. 

Тимот предводен од селекторот Кирил Лазаров и Бранислав Ангеловски доминираше во текот на сите 60 минути, а на полувремето резултатот гласеше 23-14. Марко Митев и Дарко Савревски со по седум голови беа најефикасни во нашиот табор, додека Марко Стојковиќ постигна пет погодоци.

Утре кадетите треба да одиграат уште една контрола со оваа репрезентација. Претходно два пати ја победија и Италија, па избраниците на Лазаров покажуваат дека се во добра форма пред настапот на ЕХФ шампионатот до 19 години што ќе се одржи во Скопје од 9-15 август. Нашите ракометари се во групата А со селекциите на Грција и Полска.