Хрватска се мачеше против Грузија, Франција безмилосно ја уништи Украина

Хрватската ракометна репрезентација со победа над Грузија (32-29) го отвори Европското првенство (ЕП), додека Франција безмилосно ја уништи Украина со 46-26.

Грузија во најголем дел од првото полувреме имаше водство против Хрватска, а тоа во еден момент изнесуваше и шест голови разлика (11-5). Сепак, Хрватите успеаја да се соземат во завршницата и со серија од 7-0 да го свртат резултатот во своја корист (13-12).

Голема борба се водеше и во второто полувреме, при што двете екипи се менуваа во водство, а Хрватска конечно направи исчекор кон победата во последните минути кога го скрши отпорот на незгодните Грузијци и славеше со 32-29. Најефикасен во победничкиот тим беше Марио Шоштариќ со осум голови, додека Ѓиорѓи Тсковребаѕе запиша седум погодоци за Груција.

Франција немаше милост против Украина, па ја уништи со 20 голови разлика (46-26). Една од најдобрите европски селекции го доби првото полувреме со 24-12, а продолжи да го полни голот на ривалот и во вториот дел до конечни 46-26. Ричардсон, Кункуд и Нахи постигнаа по шест голови за Франција, додека Артеменко погоди осум пати за Украина.

На последниот натпревар, кој се играше од 18 часот, Шпанија успеа да ја победи Австрија со 30-25. Гомез и Гарсијандија постигнаа по четири голови за Шпанија, додека Вагнер запиша шест погодоци за Австрија.

Фото: EPA