Нигерија на пенали го надигра Египет во борбата за трето место на АКН

Египет и Нигерија одиграа натпревар без многу шанси и голови во регуларниот дел, по што Нигеријците на пенали беа подобри во борбата за трето место на Африканскиот куп на нации (АКН).

Нигерија успеа да погоди во 36. минута преку Акор Адамс, но голот беше поништен поради прекршок од ВАР-технологијата, по што не се менуваше резултатот до крајот.

Во пенал-рулетот, Салах и Мармуш промашија кај Египет, а стрелаа Рабиа и Сабер, додека на спортивната страна Деле-Баширу не беше прецизен, но затоа погодија Адамс, Симон, Ивоби и Лукман.

Фото: Facebook/Nigeria Super Eagles