Елмас се повреди против Сасуоло и мораше да ја напушти играта!

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас се повреди на натпреварот против Сасуоло, по што мораше да биде заменет со Матео Политано, а ова дефинитивно е лоша вест за Наполи, но и Македонија, иако треба да се почекаат медицинските прегледи.

Елмас во 56. минута се пожали на повреда и не можеше да продолжи со игра, по што и неговиот соиграч Станислав Лоботка побара да замена за неговиот колега.

Повредата на Елмас доаѓа во незгоден момент затоа што Наполи во моментов е во трка со останатите ривали за првата позиција, а тоа може да биде проблем и за Македонија која на 26 март игра против Данска во плејофот за Светското првенство (СП).