Хрватите добија шестцифрена причина да гризаат уште повеќе на СП!

Хрватскиот ракометен сојуз (ХРС) им даде дополнителна мотивација на своите ракометари да остварат добар резултат на Светското првенство во Германија и во Данска.

Ако станат светски шампиони, Хрватите ќе добијат премија од 450.000 евра вкупно, за цела репрезентација. Ако освојат сребро ќе поделат 300.000 евра, бронзата ќе им донесе 200.000 евра, а четврто место вреди 100.000 евра.

Интересно е тоа што, позициите подолу од ова за нив обично се неуспех, но овој пат имаат награда и ако се пласираат на петто, шесто и седмо место – 50.000 евра.

Медалите се далечен дофат за македонската репрезентација, па немаме однапред одредени премии, но затоа, речиси редовно, РФМ им доделува премија на ракометарите за пласман во втората рунда.