Галевски: Нема да ги потцениме Естонија и Литванија, но одиме на победа!
Галевски кажа дека сака да го оправда повикот од селекторот Кире Лазаров и ќе даде максимумот на теренот, а се надева на триумфи против ривалите.
„Пред сè ова е мој прв официјален собир, честа и задоволството е огромно. Играме два натпревари со Естонија и Литванија, кои заслужуваат почит. Ние ќе го дадеме максимумот и одиме на победа. Мислам дека сум тука за да го оправдам повикот на селекторот и ќе дадам сè од себе“, вели Галевски.
Првиот меч на Македонија е закажан за 6 ноември против Естонија, додека четири дена подоцна се игра средбата со Литванија.