Феноменалниот Сагосен и донесе победа на Норвешка против Шведска

Селекцијата на Норвешка славеше во скандинавското дерби против Шведска со 23-20 на натпревар од второто коло на Европското првенства.

Уште во првото полувреме, Норвежаните покажаа кој е фаворит на овој меч, диктирајќи го темпото на играта и одржувајќи го водството.

Сосема очекувано, на овој натпревар Норвешка ја водеше одличниот Сагосен, кој беше нерешлива енигма за одбраната на Шведска.

Сепак, Шведска направи драма во второто полувреме, особено во последните пет минути, но не успеа да дојде до големо изненадување.

На крајот, Норвешка ја забележа очекуваната, но многу тешка победа против Шведска, што ги води кон полуфиналето.

Норвешката репрезентација ја предводеше феноменалниот Сагосен, кој постигна осум гола. На спротивната страна, Шведска ги имаше најдобрите Пелас со пет и Толбринг со три постигнати гола.