Еееее Македонијо, какви навивачи имаш... (ВИДЕО)

Ракометарите со три порази се простија од ЕП во Унгарија од Словачка, имаа две коректни партии и една слаба, но за разлика од нив, Фалангата во Дебрецин покажа неверојатен дух, љубов и фанатизам. Македонските навивачи беа главна атракција во Феникс Арената. Дури и на последниот меч, со Данска, салата ечеше со македонски песни, а данските навивачи се чудеа од каде толку енергија и упорност...