Цел Вардар во изолација 10 дена, каков ли состав ќе скрпи репрезентацијата?

По примерот на Металург минатата недела, и според протоколот на Комисијата за заразни болести, сега и Вардар ќе оди во изолација 10 дена, откако се појавија два нови случаи на заразени со коронавирусот. Тоа фрла прашалник на изгледот на репрезентацијата, која треба да игра со Финска (4 ноември) и со Швајцарија (7 ноември).

Со оглед дека репрезентативниот собир е в сабота, седумте репрезентативци на Македонија кои беа на списокот за летање за Париз, со чартерот на Вардар нема да му бидат на располагање на Данило Брестовац. Стојанче Стоилов, Борко Ристовски, Филип Талески, Гоце Георгиевски, Димитар Димитриоски, Марко Мишевски и Марко Кизиќ ќе мораат во изолација. Во комбинација е и Томислав Јагуриновски, но тој до вчера беше изолиран затоа што беше позитивен, а откако веќе го доби и вториот негативен тест, најверојатно ќе се стави во репрезенттивниот строј. 

Селек, на ова треба да се додадат и четворицата играчи на Металург, кои се на половина од десетдневната изолација, откако и таму имаше двајца дијагностицирани ракометари и би се вратиле во спортска опрема на 1 ноември. Селекторот токму за вакви случаи изнесе список од дури 35 ракометари, од кој би можел да црпи замени во случај на помасовно заразување. 

Ако остане на ова, Брестовац и понатаму може да состави силна репрезентација, сепак, стравот го наметнува прашањето, што ако, не дај боже, се појави уште некој заразен, па да почнеме да кубуриме со играчи за дуелите со Финска, на 4 ноември во Скопје и со Швајцарија на 7 во Цуг?