Австрија ја почна победничката симфонија на ЕВРО 2020!

Почнаа натпреварите во групата Б од Европското ракометно првенство, а Австрија е репрезентацијата која прва направи чекор кон главната фаза, славејќи победа над Чешка.

Од Виена, Владко Арсов

Австријците ги потенцираа своите амбиции за висок пласман на ова првенство, совладувајќи ја Чешка со 32-29. Главни оружја на кодомаќините беа Никола Билик и Јанко Божовиќ, првиот со осум, вториот со седум гола,истакнувајќи се особено во второто полувреме.

Тогаш Австрија ја направи разликата, на почеток со серија од 3-0 и го презеде водството до крајот на мечот, иако никогаш не поведоа со повеќе од три разлика. Чеситесе обидуваа да стигнат, доаѓаа до минус еден, еднаш и изедначија, но немаа сили за повеќе.

Имаа водство и во првиот дел, но Чесите тогаш беа поконцентрирани, па финишираа со добра игра и на пауза заминаа со 14-13. Никола Билик, првата ѕвезда на Австријците броеше до 12 гола, поранешниот играч на Металург, Јанко Божовиќ, имаше осум, додека кај Чешка Јакуб Хрстка беше најефикасен со шест, а Анджеј Здрахала постигна пет.

Чесите сега ќе бараат рехабилитација од овој пораз в недела, против Македонија, од 16 часот, а Австрија ќе игра против Украина, можеби за пласман во втора рунда.