Србија се договори со ЕХФ – никогаш нема да играат против Косово

Ракометниот сојуз на Србија објави дека успеале да постигнат договор со Европската ракометна федерација (ЕХФ) во иднина никогаш повеќе да не играат селекциите или клубовите со екипи или репрезентации од Косово, покраината која северниот сосед не ја признава за независна држава, без оглед на признавањето од поголемиот број на земји од западниот свет.

По скандалот што се случи пред една недела, кога Владата на Србија нареди да не се игра квалификацискиот дуел за девојчиња за пласман на СП до 17 години, меч кој требаше првично да се одигра во Крагуевац, а потоа беше преместен во Ковилово, за на крај воопшто да не се игра, Србија сега успеа да ја убеди ЕХФ при ждрепките да не може да се паднат екипи од Србија и од Косово

„Ракометниот сојуз на Србија успеа да постигне договор со челниците на ЕХФ никогаш повеќе селекции или тимови од Србија да играат со екипо од Косово. Решено на на ждрепките да биде полудиригирано, се со цел да не се повтори нешто слично на тоа што се случи во Белград пред десетина дена. Јас верувам дека ова е единствен вистински начин да се избегнат немили сцени и мислам дека и останатите сојузи треба да се обидат да дојдат до идентичен статус. Сето тоа ќе ја намали тензијата, а сите ќе продолжиме само да мислиме на спортот, што всушност е наша работа“, изјавил Драган Шкрбиќ, првиот човек на РСС.