СЕХА продолжува: Вардар и Е. Пелистер во четвртфиналето играат дома

Управниот одбор на СЕХА-лигата денеска донесе одлука натпреварувачката сезона 2021/2022 да продолжи и да биде комплетирана во септември.

Ќе се играат по еден четвртфинален натпревар помеѓу 8 и 25.август, а завршниот турнир е закажан од 2 до 4 септември во Задар, Хрватска. Четвртфиналните двојки беа одредени со ждрепка, како и домаќините на натпреварите. 

Вардар ќе игра против Нексе за место на Ф4 турнирот и тоа во Скопје во „Јане Сандански“, а и Е. Пелистер исто така ќе биде домаќин во Битола и тоа на Мешков Брест.

Останатите четвртфинални двојки се Војводина против Загреб и Татран Прешов против Веспрем.