„СЕХА-лигата ќе продолжи со девет тима, а треба да заврши до септември“

Регионалната ракометна СЕХА-лига беше прекината на неопределено време поради војната во Украина, а потпретседателот на натпеварувањето, Борис Сапожников за „Брз Центар“ кажа дека тоа ќе продолжи и се очекува да биде комплетирано до септември.

Спожников кажа дека СЕХА-лигата ќе продолжи со девет тима, затоа што Мотор Запорожје не е во можност да игра, а веќе е закажан и Ф4-турнирот.

„Сезоната ќе продолжи и ќе биде комплетирана до септември. Веќе е закажан и Ф4-турнир. 10 тима почнаа на стартот на сезоната, но само девет од нив ќе ја завршат сезоната, Мотор засега не може да игра“, кажа Сапожников.

Засега не е објавен точниот датум за продолжение на сезоната во регионалното натпреварување, каде што учествуваат македонските тимови Вардар и Пелистер.