Ракометен хорор во Србија: Голман нокаутира противнички играч – го прати во болница (ВИДЕО)

Во српската ракометна Суперлига се случи еден од најстравичните моменти и тоа не само во оваа сезоната, откако ракометарот на Југовиќ, Саша Терзиќ, доби потрес на мозокот силен удар во глава за време на натпреварот против Пролетер (28-26).

Инцидентот се случи во 46. минута, кога Терзиќ во полн трк налета на голманот на Пролетер, кој се обиде да интервенира. Чуварот на мрежата ненамерно го удри крилото на Југовиќ со нога директно во главата, по што ракометарот падна и остана неподвижен на паркетот. Терзиќ бил дезориентиран и повремено ја губел свеста, поради што Итната помош веднаш го пренела во болница, каде што компјутерската томографија потврдила дека има потрес на мозок. Лекарите одлучиле да го задржат на болничко набљудување, без дозвола за домашно лекување.

Голманот на Пролетер доби син картон, кој значи моментално исклучување, но и задолжителна реакција од дисциплинските органи. Со ова, судијата сигнализираше дека има основ за построга санкција.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Dnevnik (@dnevnik.rs)