Поранешен младински репрезентативец на Македонија стана црвено-црн во БиХ

Поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Јован Талевски, стана нов член на екипата на Слобода од Тузла.

Поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Јован Талевски, стана нов член на екипата на Слобода од Тузла.

Средниот бек денеска се фотографираше со црвено-црниот дрес на босанскиот премиерлигаш и беше претставен како големо засилување, кое во своите тинејџерски години ја помина школата на Вардар.

Во подготвителниот дел од сезонава Талевски беше дел од тимот на Струга, но не се спогоди за соработка, па сега Слобода ќе следи како официјално нареден тим во неговото клупско досие, по турски Јозгат Бозокспор. Претходно играше и во Работнички и во Прилеп. Сега доаѓа во екипа која во моментов го држи шестото место во Премиерлигата во БиХ, со амбиции за излез во Европа.

Тој е дел плејмејкер од генерацијата 1994, која во 2014 година ја претставуваше Македонија и на младинско ЕП во Австрија.