Олеснување: Вардар двапати домаќин во осминафиналето од СЕХА!

Ракометарите на Вардар двете средби против Металопластика од осминафиналето во СЕХА-лигата ќе ги одиграат на домашен терен, што ќе бидат последни дуели за црвено-црните сезонава во регуларното натпреварување.

Победникот од овој двомеч ќе се пласира во четвртфиналето, средби кои ќе се одиграат во август заедно со завршниот турнир на кој ќе се додели победничкиот пехар. Двата тима се договорија средбите да ги одиграат во „Јане Сандански“ на 7 и 8 јуни, обете со почеток во 17.30 часот.

Тоа воедно ќе бидат и последни дуели за црвено-црните сезонава, со оглед што е планирано домашното првенство да заврши една недела претходно.