Кукуловски го напушти Охрид и продолжи во Србија
Трансферот на Кукуловски српскиоит клуб го потврди како големо засилување.
„Продолжуваме со формирање на силен и конкурентен состав, а ангажманот 27-годишниот бек носи дополнителна острина во нападот и цврстина во дефанзивната линија на тимот. Кукуловски е висок речиси два метра и претставува закана од бековската позиција, тој е профил на играч кој совршено се вклопува во нашиот систем, Дејан добредојде во Шабац – градот на ракометот“, порачаа од српскиот клуб.
Низ кариерата Кукуловски покрај Охрид играше уште за Пелистер, Вардар и Брно од Чешка.