Гробари го пречекаа Вардар со грчко знаме! (ФОТО)

Навивачите на белградски Партизан, Гробари со провокација со грчко знаме го дочекаа македонскиот ракометен шампион и екс-европски првак Вардар, на денешното соочување во српската престолниба во СЕХА-лигата.

Вардар гостува во Белград на пресметката во регионалното натпреварување, а навивачите на црно-белите со непотребна провокација го дочекаа македонскиот ракометен гигант. На пат кон Белград се и стотина вардарови навивачи Комити кои заминаа за да ги бодрат црвено-црните во пресметката со српскиот клуб.

Не е првпат српски навивачи, посебно од најголемите групи кај северниот сосед, да вадат грчки знамиња како провокација против македонски екипи и репрезентации.