Дејан Манасков најдобар стрелец во првиот пост-корона меч за Веспрем!

Унгарскиот ракометен гигант Веспрем денеска го одигра првиот меч по речиси пет месечната пауза поради пандемијата со коронавирусот, во кој, изненадувачки, загубија во пресметката со Татабања (31-33).

Најефикасен во тимот предводен од Давид Дејвис беше македонскиот репрезентативец, Дејан Манасков, со шест погодоци, еден повеќе од Ненадиќ, а два од Омар и Штрлек. Веспрем во Лигата на шампионите се најде во групата „Б“ со Барселона, Кил, Алборг, Нант, Мотор, Целје и ППД Загреб.

Првиот меч Унгарците ќе го имаат на 16 септември на гостувањето во Франција кај Нант на нашиот Кирил Лазаров.