Циндриќ и Јагањац номинирани за гол на колото во СЕХА-лигата

Регуларниот дел од сезоната во СЕХА-лигата заврши изминатиот викенд, откако беа одиграни и последните натпревари од 18.коло.

Регионалната лига ги одбра најдобрите пет голови од последната рунда, а помеѓу нив се најдоа по еден ракометар на Вардар и Металург. 

Еден од головите на „вардарецот“ Лука Циндриќ на гостувањето кај Војводина се најде помеѓу номинираните, а конкуренција ќе му биде неговиот сонародник од Металург, Халил Јагањац, кој испрати вистинска „бомба“ кон голот на Целје. 

За вашиот омилен гол можете да гласата не Фејсбук страницата на СЕХА.