Срцепарателно: Среќното девојче на Обрадовиќ синоќа пееше и плачеше со - негова слика (ВИДЕО)
Миња стана симболична фигура на домашните натпревари на Партизан уште од доаѓањето на легендарниот Жоц во црно-белиот табор. На секое излегување од тунел таа го поздравуваше трофејниот тренер со препознатливото „да пукне“, ритуал кој со време прерасна во посебна врска. Обрадовиќ ја сметаше за своја „Талија“, па редовно ја бакнуваше по главата како знак на поддршка и симпатија.
Нејзината посветеност не се ограничуваше само на салата – Миња го дочекуваше Обрадовиќ и на аеродром, каде повторно следеа прегратки и бакнежи. На синоќешниот натпревар, меѓутоа, сцената беше поинаква. Девојчето не го пречека новиот тренер Мирко Оцокољиќ. Наместо тоа, камерите ја „фатија“ како емотивно ја пее химната додека низ лицето ѝ течат солзи, што дополнително ја трогна јавноста и навивачката сцена.
Повеќе фотографии од расплаканата Миња погледнете ТУКА.