Сагосен го израмни рекордот на Лазаров!

Сандер Сагосен во полуфиналето против Хрватска го израмни рекордот на Кире Лазаров за најмногу постигнати голови на едно Европското првенство.

Норвешкиот ракометар постигна 10 гола и сега има вкупно 61 погодок на турнирот, колку што постигна и Лазаров на Европското првенство 2012 година. Сагосен на натпреварот за трето место на ЕП најверојатно ќе постави и нов рекорд на турнирите. 

Овој рекорд веројатно нема да биде утеха за пропуштената шанса за пласман во прво историско финале за Норвешка. 

ЛИСТА НА НАЈДОБРИТЕ СТРЕЛЦИ НА СЕКОЕ ЕП