ЖРК Вардар немоќен во реваншот со Бриксен во ЕХФ Европскиот Куп

Ракометарките на ЖРК Вардар беа поразени и во реваншот со италијанскиот тим Бриксен (25-36) во првата рунда на ЕХФ Европскиот Куп.

Бриксен беше одличен во првото полувреме кое му припадна со 19-14, додека доминацијата на италијанската екипа продолжи и во вториот дел, додека ракометарките на Вардар не успеваа да го одржат ритамот. На крајот Бриксен се радуваше со 36-25.

Најефикасни во македонскиот тим беа Дона Тодоровска и Ивана Трифуноска со по шест голови, додека Џована Лучарини беше незапирлива кај Бриксен и постигна 12 погодоци.

Фото: Facebook/Жрк Вардар